ЅВЕЗДАТА НА ГОЛДЕН СТЕЈТ СО НАЈЛОШИОТ СТАРТ ВО КАРИЕРАТА

Кари првите поени од поле ги даде во 24. минута, на крајот пак беше најпрецизен

Никогаш претходно во кариерата, Кари немал шут 0 од 10 од поле

објавено: 26 ноември 2017 - 08:04

Голден Стејт славеше во дуелот против Њу Орлеанс со 110:95, во меч на кој ѕвездата на „воините“, Стеф Кари постави еден личен негативен рекорд. Кари започна со очаен шут и ги промаши првите 10 обиди за кош. Токму затоа гостите и имаа водство од 31:17 по првата четвртина.

Првите поени од игра, Кари ги даде дури во 24 минута. Шампионот успеа да израмни до полувремето, а откако кари успеа конечно да погоди, во вториот дел шампионот стигна и до убедлива победа од 15 поени разлика. Кари беше најпрецизен со 27 поени, а Клеј Томпсон додаде 24. Поради повреда, во редовите на шампионот го немаше Кевин Дурент.  

Бостон продолжува да биде најдобар тим сезонава, откако стигна до 18 победа во 21 меч. Селтикс овојпат на гости со 108:98 славеа против Индијана. Кајл Ирвин со 25 поени беше предводник на победничкиот тим. Утрово на триумф се радуваше и најдобриот тим на Западот, Хјустон. „Ракетите“ победија 15 пат, во 19 меча сезонава, откако со 117:102 беа подобри од Њујорк. 

Резултати: Шарлот - Сан Антонио 86:106, Филаделфија - Орландо 130:111, Вашингтон - Портланд 105:108, Атланта - Торонто 78:112, Хјустон - Њујорк 117:102, Индијана - Бостон 98:108, Далас - Оклахома 97:81, Голден Стејт - Њу Орлеанс 110:95, Јута - Милвоки 121:108, Сакраменто - ЛА Клиперс 95:97.

Најново во Кошарка