„ДЕТЕТО ОД АЕРОДРОМ“ СЕ СЕЛИ ВО „ГРАДСКИ ПАРК“

Кире Николовски за Работнички ќе дебитира против „својот“ МЗТ Скопје Аеродром

Центарот треба да биде големо засилување за тимот од „Градски Парк“

објавено: 21 ноември 2017 - 18:40

Досегашниот играч на Карпош Соколи, го замени дресот и во продолжение на сезоната ќе игра за Работнички. Репрезентативниот центар се договори со тимот од „Градски Парк“, а дебито во „црвено-белиот“ дрес ќе го има на вечното дерби против МЗТ Скопје Аеродром. 

Најголем дел од својата кариера, Николовски го помина токму во МЗТ. Меѓу „штрковите“ беше од 2004 до 2008, потоа повторно се врати во сезоната 2010-2011 и последен пат беше во периодот од 2012 до 2015. Сега дебито во дресот на Работнички, ќе го има токму против МЗТ. 

Со доаѓањето на Николовски, тренерот на Работнички, Марин Докузовски добива солидна постава под кошот, бидејќи во тимот ги има и Бојан Крстевски и Ѓорѓи Чековски. Со овој трансфер, Работнички, кој е лидер во прренството, најавува дека сезонава сериозно е фокусиран кон освојувањето на титулата во првенството, каде веќе шест години владее токму МЗТ Скопје Аеродром. 

Најново во Кошарка