последни подготовки за еп Б дивизија за играчи до 18 години

Ќе има и НБА скаути во Скопје, мотив повеќе за младите

Турнирот ќе се одигра од 27 јули до 5 август, а ќе учествуваат 24 селекции

објавено: 23 јули 2018 - 11:29

Скопје е подготвен за предизвикот да биде домаќин ан Европското првенство Б дивизија за играчи до 18 години. Турнирот ќе се одигра од 27 јули до 5 август, а ќе учествуваат 24 селекции. 

„Чест ми е што градот Скопје е домаќин на најмасовен турнир до сега во кои ќе има дури 24 тима. Ќе дојдат и 15 скаути од НБА лигата, како и претставници од ФИБА. Градот ќе поддржува вакви настани, спортот е важен за развојот на младите личности. На нашите им посакувам успех", вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Македонската репрезентација е подготвена за овој предизвик, а селекторот Панче Милевски верува дека тимскиот дух ќе преовлада и ќе биде еден од клучните елементи за позитивен резултат.

„Сите повикани играчи го даваат максимумот. Сакам да продолжи тимската игра, нема да се поремети тимскиот дух. Бараме колективен, а не личен резултат“, рече селекторот Милевски. 

Најново во Кошарка