НАЈДОМИНАНТИНИОТ ИГРАЧ ВО НБА СО НОВО ШОУ

Кога ќе тргне Леброн, нема сопирање

Џејмс имаше трипл-дабл во победата на Кливленд против Милвоки од 124:117

објавено: 20 март 2018 - 09:00

Кога ќе реши Леброн Џејмс да даде кош, тогаш речиси и да нема кој да го сопре. Најдоминантниот играч во НБА лигата имаше трипл-дабл во победата од 124:117 против Милвоки Бакс. Џејмс на крајот заврши со 40 поени, 12 скокови и 10 асистенции и не дозволи пораз на домашен терен.

Кливленд кој е трет на Истокот, уште официјално нема обезбедено место во плеј-офот.

 Шампионот Голден Стејт беше стопиран на гостувањето кај Сан Антонио и даде само 75 поени, по што е нормално дека следува пораз со двоцифрена разлика. Најинтересно беше во Мајами, каде домаќините дури по две продолженија славеа против Детроит.

Резултати: Кливленд - Милвоки 124:117, Индијана - Лос Анџелес Лејкерс 110:100, Филаделфија - Шарлот 108:94, Бруклин - Мемфис 118:115, Мајами - Детроит 149:141, Њујорк - Чикаго 110:92, Сан Антонио - Голден Стејт 89:75, Сакраменто - Деторит 90:106. 

Најново во Кошарка