НОВА БЛЕСКАВА ИГРА НА ГОЛЕМАТА ЅВЕЗДА

Кога Вестбрук е незадржлив, Оклахома нема гајле

Најдобриот играч на Оклахома стигна до седмиот трипл-дабл сезонава

објавено: 6 декември 2017 - 08:30

Оклахома беше во негатива од 17 поени против Јута Џез, но и покрај тоа домашните не се откажаа и на крајот успеаа да стигнат до победата. Во голем дел од мечот „џезерите“ имаа и двоцифрена предност, а во последната четвртина гостите влегоа со позитива од 12 разлика. 

И покрај тоа, Оклахома не се предаде и најмногу благодарение на разиграниот Расел Вестбрук стигна до пресврт. Решавачките 12 минути завршија со 32:14 за Оклахома, која на крајот победи со 100:94. Вестбрук стигна до седмиот трипл-дабл сезонава, откако зад неговото име стоеја 34 поени, 14 асистенции и 13 скока.

Бредли Беал го одигра најдобриот меч во кариерата и постигна 51 поени во победата на Вашингтон на гостувањето кај Портланд од 106:92. Гостите водеа во речиси целиот меч, а најубедливата предност беше 23 поени разлика.

Кајл Лорви и Демар Дерозен постигнаа по 20 поени и беа главни лидери во победата на Торонто против феникс од 126:113. 

Резултати: Торонто - Феникс 126:113, Оклахома - Јута 100:94, Портланд - Вашингтон 92:106.

Најново во Кошарка