На денешен ден, во Шибеник, роден е Дражен Петровиќ

КОШАРКАРСКИОТ МОЦАРТ ОСТАВИ НАСЛЕДСТВО: 50 совети за идните кошаркарски генерации (ВИДЕО)

Иако кошаркарскиот „Моцарт" загина во една сообраќајна несреќа во 1993 година, тој и понатаму „ја раскажува својата приказна"...

објавено: 22 октомври 2018 - 12:15

Таа приказна вреди да се повторува од година во година, треба да се потсетуваат оние нови генерации на Дражен и да ги учат за неговата човечка и играчка величина.
Играјќи за Шибенка, Цибона, Реал Мадрид, Портланд Трејблејзерс, и Њу Џерси Нетс, остави неизбришлива трага во европската и во светската кошарка.

Да е денеска жив, Дражен би наполнил 54.години, А во оние 29 години кои ги живееше, ни даде многу лекции од кои ние ќе се потсетиме на 50.

Самодоверба
„Дајте ми 30.минути и на секоја екипа во НБА ќе и дадам по 20 кошеви"

Интелигенција
„Можеби Реџи Милер го смета за некоректно колку коша дадов, а не што зборував на теренот"

Реалност
„Никој никогаш не ги добил сите натпревари. Што побрзо сфатиш, ќе ти биде полесно"

Вредност
„Талентот го респектирав до 16 година, после тоа се оддадов на тешка работа"

Лудост

„Ако некој пат не сум отишол на тренинг, во истиот момент би се разболел"

Страст
„Кога стојам, пропаѓам. Тешко ми е да го опишам тоа, оној кој не го почувствувал тој звук кога си сам со топката во салата"

За кошарката
„Кошарката поседува чистина која лесно се пренесува на било кој јазик"

За Портланд
„Портланд ќе го паметам само по дождовите"

За Дрим-тимот од 1992
„Луѓе мои ќе има чуда. Не треба да ги добиеме, но со нив можеме да се носиме. Нема да не згазат"

За себе
„Да не се занимавам со кошарка, би бил многу поповлечена личност. Порано бев многу позатворен. Па и сега, кога ќе заврши натпреварот не сакам турканици со многу луѓе"

За ѕвездите

„Задолжително читам што ми предвидуваат ѕвездите. Иако мислам дека се зависи само од мене. Сепак, повеќето од работите човек треба сам да ги држи под контрола"

За Шибеник
„Ако е вистина дека првата љубов никогаш не се заборава, тогаш иибеник остана во мене од првите денови. Таму почна се, иако често емоциите ги ставав на страна"

Непопустливост

„Шест или седум часот наутро, не е важно. Навечер ќе го земев клучот, ќе ја отворев салата и тренирам. Чистачките и јас. Тиа си го работеа нивното, јас моето. Никогаш не го пропуштив утринскиот тренинг, никогаш... Ќе ја земев топката, ќе уфрлев 500 или повеќе. Ќе ги поставев столици, и така со часови, уживам"

За споредна улога
„За млад играч нема ништо полошо од седење на клупа. Секогаш поминував далеку повеќе време во игра отколку на клупа. Тоа е среќната страна од мојата кариера. Никаков тренинг не може да го надомести она што се стекнува со постојано играње"

За бившата држава по украдената титула
"Во Нови Сад не одам, па и сите вие да одлучите да одите. Својот златен медал не го давам никому. Што се однесува до мене, ние сме прваци"

За заминувањето

"Не беше лесно да се напушти Шибеник. Илјада причини, но не немав право да ги следам моите емоции. Морав да тргнам по патеката според кошаркарските инстинкти"

За созревањето

„Играјќи кошарка, и патувајќи, веројатно созревам предвреме. Ми се чини дека сум посериозен од сите мои врсници"

За братот

„Ако Ацо играше фудбал, и јас ќе го играв. Да играше ватерполо, и јас ќе го играв тоа"

За противниците
"Кога ќе излезеш на теренот, важно е никому да не му попуштиш. Играчите прават се да те деконцентрираат, секако едните со другите. Ако се повлечеш и не возвратиш на тоа, им успеало Јас автоматски им одговарам, па тоа не им се допаѓа"

За вистинската мерка

„Не можам да играм ако не сум на рбаот на инцидент. Но никогаш нема да направам инцидент"

За мајката

„Што се чудите што е на секој натпревар?Зарем на мајката не и местото покрај децата?Таа е нашата одбрана која прима и од која се одбиваат најголемите проблеми"

За парите
"Оние кои своите егзистенционални прашања ги решат пред да постигнат било што во животот, на крајот редовно поминуваат лошо"

За Загреб

"Пресудија три причини. Студирањето на право, предизвикот во Лигата на Шампионите и желбата да играм со својот брат"

За школото
„Се запишав и струдирањето ќе ми биде во прв план. Не сакам да го разочарам татко ми за кој најважно е училиштето"

За Цибона
„Сите ме бараа, цела лига. Но од првиот ден за мене постоеше само Цибона"

Немилосрдност

"Не, не ми е тешко. Спомените се спомени. Љубовта е љубовта. Но на теренот не познавам никого. Ќе им дадам пак толку ако можам"

За топката
„Топка човеку. Секогаш ја носам во автомобилот. Кога ќе 'ми дојде', одам во салата и ќе 'испукам' 100, 200 или 500"

За одговорноста
„Ова е работа на која немаш право на лош ден. Повеќе од тоа чувствувам обврска спрема навивачите. Мораш да им вратиш за нивната љубов. Играм за нив, во исто време и за клубот и за себе"

Чувства
„Никогаш не се трудев, мојата игра не патеше од броење. Тоа ми беше така логично. Немав намера, едноставно знаев"

Моќта на повторувањето
„Мораме да го повториме ова да го освоиме уште еднаш шампионскиот пехар. Само така се паметат големите екипи и големите победници"

За иднината
„Во НБА ќе одам со 24 или 25 години, во полн напон на силата. Ако ме послужи здравјето, ќе играм до својата 35 година. Потоа ќе отворам адвокатска канцеларија"

За поразите
„Не можеш да влијаеш на тоа. Зошто би се нервирал? Мораш што побрзо да ги заборавиш. Плачење за еден пораз, ма како болен бил, само ќе ти ја забави кариерата. Ако си чист пред себе, ако знаеш дека си дал се од себе да победиш – најдобро е да заборавиш. Заборави веднаш"

За НБА
„Америка страшно ме привлекува. Таму се игра кошарка каква што јас сакам. Нема фолираље, Игра човек на човек, еден на еден. Ако на секој меч можам да давам по 40, тоа не е она вистинското. Не е тоа што го сакам"

За силата
„Во првите денови по доаѓањето во Портланд, играв против Клајд Дрекслер. Не можев да се снајдам. Ќе му дадев кош, два, тој на мене дваесет. Се прашував дали погрешив кога се решив за НБА. А потоа сфатив, без сила си никој и ништо. Не стигнеш ни да помислипш на шут, а тој ти е веќе 'на рака', на рамо или зад грб. Да тренирав толку во Шибенка или во Цибона, колку што работев во НБА, ќе бев 30% подобар играч"

За подршката и за неразбирањето
„Клајд е фантастичен. Чувствувам дека ми верува. Портер е друга приказна. Немам ништо против Тери, но имам чувство дека тој има нешто против мене. Не може да стои на нозете, а сепак игра. Не сака да ја испушти стартната позицикја. Ни мртов нема да ми даде шанса. Добро знае дека би ја искористил"

За тагата
„Страшно, тие се веселат и победуваат. Јас само седам. Не можам ни да се радувам"

Алтернатива
"Ако не можам да играм во Портланд, можам на некое друго место"

За тренерот Рик Аделман

"Рик никогаш не ми приговараше. Беше задоволен од мојата работа, и односот спрема кошарката. Никогаш не ми објасни зошто не играм. Иако знаеше, мораше да знае. Колку можам, и колку вредам"

За желбата

„Ние повеќе немам што да си кажеме. Ни Аделман на мене, ниту јас на него. Морам да си заминам за да докажам колку вредам. Никогаш во кариерата не сум седел на клупата. Нема ниту во Портланд, па макар биле и прваци. Ако треба, ќе одам и во најслабата екипа. Одам, овојпат само со играчка гаранција"

За Американците

„Тие се одлични, сјајни, но не се вонзејмани"

Одлучност

„Ќе останам во Нетс само ако клубот има намера да создаде екипа која ќе с ебори за титулата"

За европјаните
„Ако нешто научив во НБА, тогаш научив да држам до себе. Никој нема да ме удира. Имам свое име и презиме. Не сум поминувач. Знам дека тоа не им се допаѓа на некои но мораат да го прифатат тоа како такво. Има место за европјаните, никако само во епизодните улоги"

За различностите помеѓу континентите

„Во НБА правилата се јасно одредени. Додека победуваш-еуфорија. Кога губиш – секој на своја страна, куќните пријатели заборавете ги. Пред се, НБА е работа"

За Ол-старот

„Како играм, таму дефинитивно е моето место. Ако критериумот биде играта, а не нешто друго. Но и ако не ја одиграм таа средба, си докажав себеси и на другите дека сум во егал со нив"

За Чак Дејли
„Ми даде максимална слобода во играта, ми веруваше. Слично е и со соиграчите. Повеќе ме 'бараат' мене. Имам и подобар третман кај судиите. Поставив стандардни кои очигледно се ценат"

За репрезентацијата
„И се веселам на хрватската репрезентација. Да бидам искрен, не толку на тренинзите колку на средбите со своит епријатели, соиграчи, и што повторно ќе играм за Хрватска. Нови дресови, хрватски грб, наша химна, се тоа ми делуваше нереално. Не можам тоа да го објаснам. Досега играв се 'живо'. Дури и НБА финале, но ова е посебно чувство"

За Дивац после случајот знаме
„Игравме два натпревари со Лејкерс, и двата ги добивме. Ние двајцата не разговаравме, ниту пак се поздравивме. Ги свртевме главите еден од друг, така што се помина без контакт. Тој јасно се изјасни и колку што знам, доста им помогна на своите"

За Хрватска
„Во поранешните селекции на Југославија, Хрватска имаше свои играчи кои реално учествуваа во успесите и медалите со 70-80%"

Скромност
„Кај нас секој е капитетн, Погледнте ја петората, Кукоч, Раѓа, Стојко, што ќе им е на нив капитетн? Таа улога ја сфаќам единствено дека во секој момент и на секое место треба да бидам пример, и секогаш на највисоко ниво"

Најголема љубов
„Кошарката е мојот живот. Никогаш нема да престанам да ја сакам кошарката"...

Најново во Кошарка