СЛЕДНИОТ МЕЧ ГЕВГЕЛИСКАТА ЕКИПА ЌЕ ГО ИМА ПРОТИВ МЗТ

Кожув славеше победа во Солун (ФОТО)

Кошаркарите на Кожув имаа успешен тест во пресрет на новата сезона, откако со резултат 57:61 триумфираше против екипата на Солун, младинска христијанска развојна организација што се наоѓа во градот Солун, Грција.

објавено: 13 септември 2018 - 18:57

Според најавите гевгелискиот клуб својот следен контролен меч ќе го има в сабота од 13:00 часот против освојувачот на Купот на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром.

„Прв контролен натпревар сезонава. Задоволни до некој степен од прикажаното. Уште се тешки од припремите два дена по завршување на кондиционите тренинзи. Следен натпревар е недела во 13:00 часот со МЗТ. Овие натпревари ги користиме да видиме како ќе се вклопат новите играчи со остатокот од екипата поради што знаеме дека грото на играчи останаа и оваа сезона. Во потрага сме на играч позиција плеј, организатор на играта, но не брзаме", изјави спортскиот директор на КК Кожув, Ѓорѓи Гетов.

Најново во Кошарка