ЕДЕН ЛОШ ПЕРИОД ГИ РАСИПА СМЕТКИТЕ НА КУМАНОВЦИ

Александар Петровиќ: Што да кажам, тоа е... Малку среќа, малку несреќа...

„Во моментов се поквалитетна екипа. Така кажува резултатот - две победи за нив во последните месец дена. Мислам дека и со скокот имавме некои проблеми. Им честитам на Работнички за заслужената победа, ние продолжуваме понатака’.

објавено: 17 февруари 2018 - 20:04

Александар Петровиќ, може само да жали што од еден егал резултат, неговата екипа дозволи противникот да направи двоцифрна предност, која неговите момци не успеаја да ја стигнат до крајот на полуфиналето.

„Што да кажам, тоа е! Малку среќа, малку несреќа. Кон крајот на втората четвртина примивме некои ’безврска кошеви’, договорите за во одбрана не ги испочитувавме и тоа не чинеше. Од еден егал-натпревар стигнавме до некои 15 разлика да губиме.

Се вративме кон крајот, но ни се случи да натпреварот биде пресликан како и оној во првенството. На 3-4 разлика имавме некои наши топки кои ни ги земаа од раце, се обидувавме и со некоја комбинирана одбрана и зона, пробавме се, но тие во моментов се поквалитетна екипа. Така кажува резултатот - две победи за нив во последните месец дена. Мислам дека и со скокот имавме некои проблеми. Им честитам на Работнички за заслужената победа, ние продолжуваме понатака“.

Адем Мекиќ констатира дека токму втората, за нив лоша четвртина решила голем дел од работите во овој полуфинален натпревар во „Јасмин“. 

„Пред се сакам да им ја честитам победата на екипата на Равботнички. Ние покажавме одлична игра и докажавме дека можеме да се носиме со екипи од самиот врв. За жал во втората четвртина имавме еден пад на играта кој не чинеше скапо. Им дозволивме на преискусните играчи на Работнички да се одлепат и после ни беше тешко да се вратиме. На крајот, искрено малку ни недостасуваше факторот среќа и на некои наши дефанзивни скокови, топката се одби право кај нив во раце, тие поентираа и тоа е малку демотивирачки. Се на се, ова беше добар натпревар“.

Најново во Кошарка