ТРЕНЕРОТ НА ВАРДАРРКИ Е ИСКРЕН

ДАМЈАНОВСКИ: Не е едноставно да ги победиш Бадел со 22 поени разлика!

„Имаме две искусни кошаркарки за кои немам доволно зборови. Славица Наков е предобра за да се коментира воопшто, исто и Едина Муса која на првиот натпревар не можеше да даде максимум од себе. Тие се кошаркарките кои ја прават разликата“.

објавено: 18 февруари 2018 - 18:50

Срѓан Дамјановски како тренер на Вардар ја освои својата прва сениорска титула. По победата над Бадел 1862, младито стручњак влезе на листата на тренери на кои им пошло од рака да го подигнат победничкиот пехар во ова натпреварување.

 

„Ова ми е прва сениорска титула. Мислам дека не е едноставно да ги победиш Бадел со 22 разлика. Доминиравме во текот на целиот натпревар и го држевме резултатот под контрола и заврши се како што треба. Имаме две искусни кошаркарки за кои немам доволно зборови. Славица Наков е предобра за да се коментира воопшто, исто и Едина Муса која на првиот натпревар не можеше да даде максимум од себе. Тие се кошаркарките кои ја прават разликата. Денес ќе славиме, а од утре ќе мислиме на првенството“.

Едина Муса признава дека очекувале да го „добијат“ Бадел 1862...

„Секако дека очекувавме да победиме. Бевме многу мотивирани, се фокусиравме на тимска игра, на сите ситници. Девојките покажаа дека вредиме и дека можеме да ја одбраниме титулата од минатата година. Секако дека очекуваме да продолжиме исто и во лигата. Очекуваме високи победи, па дури и поголеми од оваа во Купот.

Вардар на овој Куп не доби мене и Славица Наков како поискусни, но верувајте дека и помладите девојки супер се снајдоа. Вложивме се што можевме како тим и стигнавме заедно до победата. Немав проблем да се вратам силно. Се е во главата, се е мотивација. Тука е и љубовта кон кошарката која ја имам во мене. Планирам понатаму да продолжам уште посилно. Само Господ да е со нас сите и да не чува од повреди“- најави Муса.

Најново во Кошарка