ПРВ ПОРАЗ ВО СЕЗОНАТА, ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ, ВО КУП-ФИНАЛЕТО

ДОКУЗОВСКИ: МЗТ и Работнички покажаа дека се најдобрите екипи во Македонија

„Денес беше вистински празник на кошарката. Одигравме интересен натпревар, МЗТ и Работнички покажаа дека се најдобрите екипи во Македонија. Убаво е што на дербито пак се враќа неизвесноста“.

објавено: 18 февруари 2018 - 21:59

Не му беше лесно на Работнилчки во вечерашнито финален меч од Купот на Македонија. Играа „црвено-белите“ доста ослабени со неиграњето на Маркус Џинјард, еден до оние на кои е поставена играта на екипата од „Градски парк“.

Но и во такви услови, „црвено-белите“ беа достоен противник во финалњето кое на крајот го доби нивниот вечен ривал со (76:67).

Марин Докузовски се обиде да ги ротира оние играчи на кои им верува(ше) најмногу. предвреме остана без високите Николовски и Крстевски, па во финишот на мечот остана само со Чековски во рекетот.

„Би сакал да му честитам на МЗТ за освоениот Куп. Денес беше вистински празник на кошарката. Одигравме интересен натпревар, МЗТ и Работнички покажаа дека се најдобрите екипи во Македонија. Убаво е што на дербито пак се враќа неизвесноста. Ние го бркавме резултатот цело време, во вториот дел малку и поведовме, но направивме проблем со лични.

Кога ги загубивме Николовски и Крстевски имавме и поголеми проблеми. Правевме измени, но резервите не се толку квалитетни како нашите првотимци. Да бидеме искрени, имавме и ние отворени шутеви кои не ги реализиравме, а и МЗТ погоди некои среќни шутеви. Воедно ни недостасуваше и Гинјард. Со него ситуацијата на теренот ќе беше сосема друга. Сепак, на МЗТ му честитам, дојдоа до заслужена победа" - нагласи Докузовски по првиот пораз во сезоната на Работнички. 

Најново во Кошарка