БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО ДУЕЛОТ ФЕНИ ИНДУСТРИ – АВ ОХРИД

Домаќинот продолжува понатаму...

Ко-домаќинот на завршниот турнир не остави ништо на случајноста, и со една рутинерска игра лесно ги „препива“ охриѓани (112:69) и повеќе од доволно за место во полуфиналето. Поентерското шоу сепак го „украде“ одличнито новак на АВ Охрид, Девин Брукс кој стигна до монструзен дабл-дабл од 37 поени, 10 скока, но и 5.. асистенции

објавено: 17 февруари 2017 - 17:10

Кошаркарите на Фени Индустри ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со АВ Охрид и обезбедија место во полуфиналето на националниот Куп кој се игра во нивната сала, „Јасмин".
Ослабениот состав од Охрид кој е во фаза на играчка „трансформација", беше рамноправен само во период од некои 12-13 минути. Оние во првиот дел од вториот четвртфинален дуел. Се друго беше на домашната страна.
Фени Индустри – АВ Охрид 112:69 (24-12; 28-19; 34-20; 26-18)
Охридскиот тим добро се држеше, беше во резултатски приклучок до 13. минута од играта. Период во кој блескаво деби имаше Американецот Девин Брукс кој со од ние 18, даде дури 13, и АВ Охрид беше во минус од само шест поени (18:24).


Само затоа што во првиот период Фени Индустри изгради и двоцифрена разлика, како што беше и на истекот на 10. минути (24:12).
Но освен Михајловски, новиот организатор на играта на „галебите" не доби друга „поентерска помош". Кавадарчани, со многу „подолга клупа", се вратија во ритмот од првата четвртина која го одреди понатамошниот тек на овој втор четвртфинален натпревар.


Дефинитивно, Девин Брукс не можеше сам против комплетниот кавадарчки состав (се врати и првата центарска опција, Шарабидзе). Продолжи да погодува новото американско засилување за АВ Охрид. Во еден период од играта во третата четвртина Брукс имаше 25 од вкупно 39 поени на гостинската екипа. Помагаше Михајловски (со 11. поени), но колку разликата да биде повеќе од 20. поени (63:41), како што беше во 25. минута.


Но се друго на теренот беше во знакот на „бело-црната" боја, онаа на Фени Индустри, каде пак поентерски се издвоија Чешковиќ, Шарабидзе и Николовски, потоа и Пајиќ.

Но останува забележан скорот на Девин Брукс. Изразен со реализација на 37. поени, 10. скока и 5.асистенции, и индекс на корисност 46, што кажува дека АВ охрид погодил со изборот на новото засилување, сега од САД.

 

 

Најново во Кошарка