АМЕРИКАНЕЦОТ ИМ Е ЕДИНСТВЕНИОТ СПАС

Косоварите се “крстат“ во Скот Бамфорт

Откако Џастин Долман го откачи Косово, противникот на македонската репрезентација во претквалификациите за Светскиот Куп, се надева дека на тимот ќе му се приклучи Американецот, Скот Брамфорт. 

објавено: 17 јули 2017 - 13:55

Mоменталниот состав, со кој располага селекторот, Бред Гринберг, Косово го прави атусајдер во нашата група „Ц“. Првиот противник на македонската репрезентација во претквалификациите за Светското првенство има само четири подобри играчи (Г'зим Морина, Ерјон Кастрати, Албан Весели и Дрилон Хајризи), додека останатите се под нивото.

Косово на стартот на подготовките се надеваше дека во тимот ќе дојде Џастин Долман, но откако Американецот ги откачи, тие „се крстат“ во Скот Брамфорт. Натурализираниот кошаркар, кој минатата сезона настапуваше за Билбао игра на плејмејкерската позиција.

Во моментов Брамфорт е повреден, од косовската федерација очекуваат лекарите да му дозволат да настапи во нивниот дрес во претквалификациите.

Оваа репрезентација досега одигра само еден пријателски натпревар, на гостувањето кај Австрија беше поразена со убедливи 74-49. До крајот на подготовките Косово ќе се сретне со Словачка (ќе одигра два меча) и со Албанија. 

Најново во Кошарка