ПОЛУФИНАЛЕТО БРОЈ 2 СО МНОГУ ПОГОЛЕМ ИНТЕНЗИТЕТ

КРАФОРД ПРЕСУДИ: За пехарот ќе играат „вечните", МЗТ Скопје и Работнички!

Блокотехна имаше свои шанси, дебитантот не ги искористи. МЗТ Скопје е доволно добар да знае да го искористи тоа, да победи (89:78) да игра ново финале, и да се бори за трофејот.

објавено: 17 февруари 2018 - 22:21

Финале какво што веројатно посакува)ше) цела мошаркарска Македонија, секако освен навивачите на Блокотехна од Гевгелија.

По шест натпревари во „Јасмин" падна одлуката. За Купот на Македонија ќе се борат двата најтрофејни наши кошаркарски колективи, МЗТ Скопје и Работнички.
МЗТ Скопје имаше лош старт во дуелот со Блокотехна, но откако го надмина почетниот пробем, им беше многу полесно. Дебитантот во ова натпреварување одигра скоро во еден таков стил во оној друг дел од полуфиналето.
Затоа и МЗТ Скопје е вториот финалист.
МЗТ Скопје – Блокотехна 89:78 (19-29; 26-14; 24-19; 20-16)
Данило Мијатовиќ беше играчот кој ја направи разликата од десет поени (29:19) во првата четвртина од мечот кој требаше да го одреди вториот куп-финалист, секако, по Работнички, кој претходно си ја заврши својата задача во дуелот со Куманово.


Екс играчот на МЗТ Скопје влезе особено мотивиран против некогашните соиграчи во „сино-бела" комбинација. Погоди неколку тројки во серија, и отвори „простор" за соиграчите. Ја рашири одбраната на „металците", доволно да погодуваат и неговите соиграчи.
Блокотехна дојде до највисока предност од 12 поени (38:26), во оној средишен дел од втората четвртина.
Во тие 14. минути не функционираше скоро ништо кај „металците". За среќа нивна, се серија од (7-0) фатија приклучок во тој дел од второто полуфинале на Купот во Кавадарци (33:38).
Тренерот на тимот од Гевгелија, Марјан Илиевски се обиде да ја сопре со тајм-аут, но Трајковски продолжи со поентирањето за (35:38), а кога силното крило на МЗТ погоди и за три поени, се беше во егал (38:38), во 17.минута.
Серијата на тимот од Аеродром се „оддолжи" на (15-0) за водство (41:38), а ја прекина Бенџамин.
Но кај дебитантот во оваа фаза од Купот, немаше кој да го сопре Бојан Трајковски (изброја 14 поени)...
На полувремето водеше МЗТ Скопје, (45:43).
Најмноги поради тоа што „металците" погодуваа со 60% на успешност во шутот за три поени, и непшто пониски 52% за два. Но и поради фактото дека имаа дури десет скока плус во однос на противникот од Гевгелија (22 спрема 12).
Од друга страна, добри страни во играта на гевгеличани беа малиот број на загубени топки - само четири, но и двајца разиграни кошаркари како Мијатовиќ и Бенџамин.
Имаше МЗТ Скопје и највисоки (57:50) во 25. минути игра од полуфиналето. Но на клупата мораше да седне репрезентативниот двоец Стојановски-Трајковски (поради четири лични грешки).

Но затоа пак „се појави" Џордон Крафорд. Онака како што му е во описто на работното место, беше и брз и прецизен, затоа и ја креишраше најубедливата предност на првакот. По неговиот 19. поен, сега од десет поени (69:59) на влезот на 30. минута од мечот.
Ги намали Бенџамин, со „два плус едeн" игра за негов 18. поен, и (69:62) за екипата во "сино-бела" комбинација, онаа на МЗТ Скопје.
Да знаеја да погодуваат слободни фрлања, избраниците на Жељко Лукајиќ ќе имаа и поголема предност. Но не им одеше од тоа место (особено на Лалиќ).
Хендикеп за Блокотехна нов, беше соло-играта на Бенџамин, кој остана без вистинска поентерска подршка од соиграчите.

Празните минути ги пополнуваше Крафорд, го чуваше МЗТ на безбедна разлика од шест до осум поени.
За завршните пет минути, оние решавачките, Лукајиќ немаше друго, мораше да ризикува со враќање во игра на Стојановски и Трајковски.
Но со помош на Казарновски, Блокотехна дојде на негатива од само два поени (73:75), ама Крафорд го чуваше „мирот на МЗТ", (80:75), и ја донесе толку посакуваната победа, прва за нив во оваа сезона пртив екипата која се води како дебитант, а изгледа и делува сосема поинаку.

 

КУП НА МАКЕДОНИЈА-2018

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД
ПОЛУФИНАЛЕ ЖЕНИ
Бадел 1862 – Струга 2009 77:43
Вардар – Пелистер 84:33
ПОЛУФИНАЛЕ МАЖИ
Работнички - Куманово 77:68
Блокотехна– МЗТ Скопје 78:89
НЕДЕЛА:
16.00: Финале жени - Вардар - Баадел 1862
19.00: Финале мажи - МЗТ Скопје - Работнички

Најново во Кошарка