РАБОТНИЧКИ ВЛЕЗЕ ВО УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ФИНАЛЕ

Марин Докузовски: Не беше нималку лесно

Немам одредена желба против кого сакам да играме утре, бидејќи кој и да е од другата страна на теренот ќе ја има улогата на фаворит против нас. Но, тоа не значи дека однапред ќе се предадеме, бидејќи Работнички е тим кој секогаш и без разлика на проблемите, оди на победа и на освојување трофеи"- искоментира Докузовски по влезот во големото финале.

објавено: 17 февруари 2018 - 19:57

Tренерoт на Работнички, Марин Докузовски, беше задоволен од крајниот епилог од ова полуфинале. Загрижен е за повредата на нивниот најдобар играч Џинјард. И нема некоја особена желба околу тоа со кого би сакал да играат во мечот за трофејот од Купот на Македонија.

„Воопшто не ни беше лесно против кумановци кои одиграа навистина добро исто како и на вчерашната средба против Гостивар. По доброто прво полувреме, во продолжението имавме проблеми, за што делумно причина беше повредата на нашиот најдобар поединец, Џинјард.

Немам одредена желба против кого сакам да играме утре, бидејќи кој и да е од другата страна на теренот ќе ја има улогата на фаворит против нас. Но, тоа не значи дека однапред ќе се предадеме, бидејќи Работнички е тим кој секогаш и без разлика на проблемите игра на победа и на освојување трофеи“- искоментира Докузовски по влезот во големото финале.

Едне од најмладите играчи во неговата екипа Виктор Ефремоски веќе се фокусира на финалето.

„Куманово не е екипа за потценување, знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Паднавме во второто полувреме, затоа што ни се повреди клучниот играч Маркус Гинјард. Веќе сме фокусирани на финалето, се надевам дека ќе освоиме. Во мечот за титула би го сакал МЗТ Скопје, затоа што против нив секогаш играме вистински дерби-мечеви“.

Најново во Кошарка