Тренерот на Блокотехна анализира како загубиле

Марјан Илиевски: Немавме шут, немавме скок...

„Бевме конкурентни тресетина минути, но свесни сме дека не може да победиме меч со шутеви за три. МЗТ имаше повеќе офанзивни скокови и воедно 15 скока повеќе од нас“- смета предводникот на дебитантската екипа на собирот во Кавадарци.

објавено: 17 февруари 2018 - 23:08

Марјна Илиевски се обиде да даде една анализа на сработеното на неговиот тим - Блокотехна во овој полуфинален дуел со МЗТ Скопје (78:89).

Првиот тренер на гевгелискиот состав потенцира неколку моменти...

„Ние во првата четвртина и половина од вториот дел го имавме ритамот на натпреварот и водевме со 12 поени разлика. Во однос на некои наши грешки каде успеаја Трајковски и Лалиќ да не казнат, игравме изедначен натпревар.

Бевме конкурентни тресетина минути, но свесни сме дека не може да победиме меч со шутеви за три. МЗТ имаше повеќе офанзивни скокови и воедно 15 скока повеќе од нас. Натпреварот има висок ритам, не смее да се промашува толку за три. Имавме низок процент во шутот за три, имавме скок-проблем во офанзивата.

Што се однесува до Крофорд, во првите две четвртини успеавме да го изолираме од играта со два поени. Тој е играч со одлични индивидуални квалитети, еден од двигателите на играта на МЗТ. Напротив, тој не не изненади, туку одигра како што знае“- анализираше Илиевски по поразот во полуфиналето.

Капитенот на Блокотехна Горан Главчев како главен проблем во играта го потенцира подобриот скок на противникот...

„Одлично го отворивме натпреварот, но играта која не красеше во првите 15 минути за жал не продолжи. Заслужено победи МЗТ, имаа некои 40 скокови односно 20 повеќе од нас. Не можам да кажам дека ова не е успех за нас како дебитанти во оваа лига. Тоа е тоа, продолжуваме понатаму“.

Најново во Кошарка