КУМАНОВО ДАДЕ ДОСТОЕН ОТПОР, НО ОСТАНА БЕЗ СИЛИ ЗА ФИНАЛЕ

Работнички ќе го „брка“ куп трофејот во Кавадарци

Најтрофејниот клуб во Македонија ќе има шанса утре навечер да се бори за трофејот од Купот откако во првиот полуфинален натпревар го совладаа „жилавиот“ Куманово (77:68)

објавено: 17 февруари 2018 - 19:16

Најтрофејниот клуб во Македонија ќе има шанса утре навечер да се бори за трофејот од Купот откако во првиот полуфинален натпревар го совладаа „жилавиот" Куманово.

Поголем дел од работите „момците од „Градски парк“’ ги реализираа во вториот период од првото поуфинале, кога стигнаа до двоцифрена позитива која ја одбранија во второто полувреме.

Доволно за финале... против кого, ќе дознаат по одигрувањето на вториот дуел од полуфиналето, МЗТ Скопје - Блокотехна, закажан за 20.30 часот. 

Работнички – Куманово 77:68 (22-21; 24-10; 13-17; 18-20)

По изедначената прва четвртина во која двете екипи се менуваа во водство, но не повисоко од четири поени, Работнички имаше минималец (22:21).

И практично, израмнето беше се до средината на вториот, кога Работнички стигна и до двоцифрена разлика. Во само пет минути се „распадна" играта на Куманово.
Во 13.минута „бело-црвените" имаа само плус од два поени (29:27), две минути подоцна и (33:29). Николовски Чековски и Костов инизираа и реализираа серија од (13-2) и до полувремето фаворитот веќе беше многу далеку, на плус 15 (46:31).
Затоа што за десет минути Куманово даде исто толку – десет поени, колку што изброја и нивниот најефикасен играч –Штерјов, кој обично ја нема таа улога на прв поентер.
На другата страна пак Чековски даде едeн повеќе, но својата роља на резрвисти, условно кажано, одично ја одигра Николовкси (релизираше осум поени), заедно со подобриот скок, ја донесоа разликата, можеби превисока, но вистинска, како што стоеше на семафорот во празниот „Јасмин" каде како да не се игра еден вака важен турнир кој го дава новиот освојувач на Купот на Македонија.

Мекиќ донесе доста поголема „живост", агилност во играта на Куманово. По негова заслуга „сино-белите" и серијата )9-0) ја раситнија негативата на едноцифрена (45:52), како што беше по 26.минути од играта во ова прво полуфинале.
Но офанзивниот скок беше голема предност за Работнички, особено на тој план се истакна Костов, кој освои неколку топки под кошот на противникот, не дозволи таа разлика да биде уште помала. На тоа се надоврза тројката на младиот Ефремоски за враќање на двоцифрената предност (59:48) по три одиграни четвртини.
Некако премногу се олабавија кошаркарите на Марин Докузовски, за што беа казнети, освен тоа му дадоа шанса на противникот, преку Стајиќ да дојде и до минус од четири поени (61:65), кога останаа да се доиграат нецели четири минути.
Во нив кумановци се обидоа, но не успеаја да направат целосен пресврт.

Најново во Кошарка