БАДЕЛ 1862 НЕ СЕ ИЗБОРИ ЗА КУП-РЕВАНШ ПРОТИВ ВАРДАР

СТАМЕСКИ: Имавме проблеми со организацијата на играта, со реализацијата... не успеавме да се вратиме!

„Не сум баш задоволен од играта. Изигравме, но не онака како што се договоривме и како што треба. На почеток никогаш не се губи натпревар. Имавме проблеми со организацијата на играта, со реализацијата и не успеавме да се вратиме. Им ја честитам Куп-титулата на Вардар".

објавено: 18 февруари 2018 - 19:15

Тренер Бадел 1862, Перо Стамески мораше да и честита на подобрата екипа од неговата. Вардар убедливо го одбрани трофејто освоен лани на истото место.

 По втор пат „баделки“ се поразени во финалето на националниот Куп, и одново на истото место, во салата „Јасмин“ во Кавадарци. 

„Не сум баш задоволен од играта. Изигравме, но не онака како што се договоривме и како што треба. На почеток никогаш не се губи натпревар. Имавме проблеми со организацијата на играта, со реализацијата и не успеавме да се вратиме. Им ја честитам Куп-титулата на Вардар“.

Софија Лазареска не очекувала ваков развој на настанит ена тереното. 

„Најискрено, не очекувавме ваков натпревар.Влеговме многу опуштено во натпреварот. На почетокот тие направија разлика којашто ние не можевме да ја стигнеме. Ова дефинитивно не е реална слика на Бадел“.

Најново во Кошарка