ВРЕМЕ Е ЗА ПРОШТАВАЊЕ

ТРАЈКОВСКИ: Сакам да побараме прочка од сите навивачи за лошиот период што го имавме

Велат јунаците на мака се познаваат, верувам дека ова ќе биде за нас позитивна работа која ќе не носи во текот на сезоната. Го вративме Купот во Аеродром, се надевам и титулата ќе дојде кај нас"- потенцираше силното крило на новиот освојувач на Купот на Македонија..

објавено: 18 февруари 2018 - 21:32

Македонскиот репрезентативец Бојан Трајковски беше еден од најдобрите играчи на МЗТ Скопје во финалната средба. против Работбнички е секогаш особено мотивиран, а вечерва реализираше 18 поени.

За негов прв трофеј во дресот на „аеродромци“.

„Многу тежок период оставаме зад нас. Сакам да кажам само едно нешто - денес е голем празник Прочка. Сакам да побараме прочка од сите навивачи за лошиот период што го имавме. Од денеска вртиме нова страница, почна сонце да нѐ грее. Го освоивме посакуваниот Куп, искрено, дојдовме како аутсајдери тука по сите резултати во АБА и во домашното првенство. Велат јунаците на мака се познаваат, верувам дека ова ќе биде за нас позитивна работа која ќе не носи во текот на сезоната. Го вративме Купот во Аеродром, се надевам и титулата ќе дојде кај нас"- потенцираше силното крило на новиот освојувач на Купот на Македонија..

 

Најново во Кошарка