мкф одлучи кој ќе биде домаќин

Купот повторно ќе се игра во Кавадарци

Борбата за трофејот ќе биде од 16 до 18 февруари

објавено: 5 февруари 2018 - 11:36

Салата „Јасмин“ и градот Кавадарци повторно ќе бидат домаќини на кошаркарскиот Куп на Македонија. Вака одлучи раководството на Македонската кошаркарска федерација, откако никој не се пријави да биде организатор на овој настан. 

Првите осум пласирани екипи во ПЛМ по првиот дел од натпреварувањето (11. коло) ќе разигруваат меѓу себе по систем првопласирана екипа против последно пласирана екипа (1-8, 2-7, 3-6, 4-5) во рамки на четвртфиналните дуели.

Во полуфиналните дуели ќе вкрстат 1-4 и 2-3, па така победникот од дуелот помеѓу Работнички и Карпош Соколи во првото полуфинале ќе се пресмета со победникот од дуелот Куманово – Гостивар. Во второто полуфинале ќе се надигрува победникот од Блокотехна – АВ Охрид со победникот од МЗТ Скопје Аеродром и Фени Индустри.

Борбата за трофејот ќе биде од 16 до 18 февруари.

ТАБЕЛА ПЛМ 11. коло
1. Работнички
2. Блокотехна
3. МЗТ Скопје Аеродром
4. Куманово 2009
5. Гостивар
6. Фени Индустри
7. АВ Охрид
8. Карпош Соколи

Најново во Кошарка