Кливленд намали на 1:2 во дуелот против Бостон

Леброн е лут, го возврати ударот и го демолираше Бостон

Најдобриот играч на кавелирс заврши со 27 поени и 12 асистенции за триумф од 116:86

објавено: 20 мај 2018 - 08:31

Кливленд покажа дека е сосема друг тим кога игра на свој терен. Откако ги загуби двата меча на гостувањето во Бостон, Кавелирс овојпат, пред својата публика убедливо победи со 116:86 и намали на 1:2 во серијата од источното финале на НБА лигата.

Домаќините уште во првата четвртина покажаа дека се подготвени да победат. Започнаа одлично и по само 12 минути имаа предност од 32:17, а до полувремето Кливленд веќе имаше 20 поени предност.

И во вториот дел сликата не се промени. Предводени од првата ѕвезда на тимот, Леброн Џејмс, Кливленд само ја зголемуваше предноста, па на крајот стигна до убедлив триумф од 30 поени разлика. На крајот Леброн заврши со 27 поени, 12 асистенции и 5 скока, а уште петмина домашни играчи имаа двоцифрен број на поени, што покажува на тимска игра на домаќинот.

 

Најново во Кошарка