„РЕПТИЛИТЕ“ НЕМАА МИЛОСТ

Леброн и Кливленд посрамотени од Торонто

Џејмс делуваше немоќно и на крајот неговиот тим загуби со дури 34 поени разлика

објавено: 12 јануари 2018 - 09:32

Леброн Џејмс делуваше немоќно во поразот на Кливленд на гости кај Торонто. Кавси беа буквално прегазени и на крајот загубија со 133:99. Уште во првото полувреме беше најавен дебаклот на гостите, бидејќи Торонто со речиси перфектна игра, стигна до водство од 25 поени разлика. Торонто сезонава игра одлично и тимот стигна до 29 победа во 40 меч. 

Лос Анџелес Лејкерс неочекувано со двоцифрена разлика го победи Сан Антонио со 93:81. На победа, но на гостински терен, се радуваше и вториот тим од ЛА. Клиперси беа успешни кај Сакраменто и победија со 121:115.

Најново во Кошарка