КЛИВЛЕНД И „КРАЛОТ“ ПОВТОРНО НЕМОЌНИ

Леброн почна лудо, па му го „скршија“ вратот и Бостон победи за 2:0 во серијата (Видео)

Џејмс даде 21 од 27-те поени на Кливленд во првата четвртина, а гостите имаа контрола на играта и резултатот, се додека пред крајот на полувремето првата ѕвезда на гостите не заработи повреда

објавено: 16 мај 2018 - 08:30

Бостон Селтик поведе со 2:0 во финалата серија на Истокот против Кливленд, во НБА плеј-офот. Домаќините целосно ја искористија предноста на својот терен во првите два меча и сега се на пола пат до големото финале. Рано утрово Бостон победи со 107:94.

Почетокот на мечот не беше добар за домаќините, бидејќи во тимот на Кливленд посебно мотивиран беше Леброн Џејмс. Првата ѕвезда на гостите даде 21 од вкупно 27 поени на гостите, а Кливленд имаше предност. Двоцифрена беше предноста на Кливленд (46:36), кога пред крајот на втората четвртина Џејсон Татум со рамото ги удри Џејмс директно во главата и му го повреди вратот.

Леброн се пожали на болки, но реши да ги изведе слободните фрлања. Сепак, кратко потоа мораше да побара лекарска помош продолжи да игра. Откако Леброн излезе од игра поради болки во вратот, па се до крајот на средбата, Бостон направи серија од 71:47. Џабе беше што Џејмс се врати и на крајот заврши со 42 поени, кога домаќините заиграа многу подобро и на крајот стигнаа до двоцифрена предност и сигурна победа. 

 

Најново во Кошарка