кога џејмс ќе се разигра, нема спас за противникот

Леброн „сам“ го победи Бостон за 2:2 во финалната серија (Видео)

Кливленд победи со 111:102 во четвриот меч од завршните мечеви на Источната конференција

објавено: 22 мај 2018 - 08:15

Кливленд израмни на 2:2 против Бостон во серијата подобар од седум, во финалето на Источната конференција во НБА лигата. Пред своите навивачи, Кливленд во текот на целиот меч имаше водство и на крајот победи со 111:102. Засега, тимот кој игра на свој паркет, победува, што покажува дека ова може да биде серија која ќе се решава во седмиот меч.

Леброн беше вистински лидер на Кливленд. Првата ѕвезда на домаќините даде 44 поени, погодувајќи 17 од 28 шута од поле. Покрај Леброн, одличен беше и Кајл Корвер кој даде 14 поени, но сите беа во првиот дел, кога домаќините и создадоа одлична предност.

Дуелот број 4, започна речиси во ист ритам како мечот број 3. Кливленд фуриозно стигна до сигурна предност од 34:18 и до крајот на дуелот не дозволи да има дилеми кој ќе победи.

На овој меч, Леброн постави нов НБА рекорд, односно го надмина постигнувањето на легендарниот Карим Абдул Џабар и сега Џејмс е играчот со најмногу уфрлени поени од игра во плеј-офот. 

Петиот меч се игра во Бостон.

Најново во Кошарка