ТРЕНЕРОТ БАРА 130.000 ЕВРА ОД „ЦРНО-БЕЛИТЕ“

Легендата на клубот ќе го испрати Партизан во историјата?

Сметката на клубот е блокирана и нема од каде да се исплатат бараните пари

објавено: 21 декември 2017 - 17:20

Некогашниот европски првак Партизан е во опасност од згаснување. „Црно-белите“ од Белград се во тешка финансиска ситуација. Сметката на клубот е блокирана и нема пари, но тоа не е најстрашното. 

Човекот кој што може да придонесе за згаснување на клубот е легендарниот Душко Вујошевиќ. Популарниот Дуле кој има 58 години, цели 17 сезони има работено во Партизан како тренер и донесе многу трофеи во клупските витрини. 

Сепак, Вујошевиќ реши да го тужи клубот поради парите кои му се должат од 2015 година. Судот пресуди во корист на Вујошевиќ, па Партизан треба да исплати 130.000 евра, или сметката ќе биде блокирана. По ваквата ситуација се огласи претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ. 

„Партизан е во блокада и клубот нема пари да го исплати долгот кон Вујошевиќ. Душко е човекот кој има свое место во историјата на Партизан и не верувам дека тој човек ќе стави бесилка околу вратот на клубот“, рече Мијаиловиќ.

Најново во Кошарка