НЕМА ПРОЧКА ЗА ДЕВОЈКАТА КОЈА ГО ВОЗЕШЕ ГОЛФОТ

Мајката на Дражен Петровиќ: Клара е монструм

Ни по 24 години нема никаква реакција од некогашната девојка на Дражен, која управуваше со голфот во кобната сообраќајка за хрватскиот кошаркар

објавено: 18 јуни 2017 - 09:00

Мајката на Дражен Петровиќ, Бисерка, е целосно разочарана од некогашната девојка на нејзиниот покоен син. Клара Саланци беше во врска со хрватскиот кошаркарски „Моцарт“ и девојката која го возеше голфот кога се случи кобната сообраќајка, во која загина Петровиќ.

Освен Дражен и Клара, во автомобилот беше и Хилал Едебал, некогашна кошаркарка и другарка на Клара. Во сообраќајката, Хилал се здоби со тешки повреди и едвај се спаси.Сега, 24 години по несреќата, мајката на Дражен и Хилал имаа емотивна средба во Турција. 

За разлика од Хилал, Клара, девојката која е највиновна за смртта на Петровиќ, никогаш не прозборе ниту збор. Таа се омажи за некогашниот германски фудбалски репрезентативец Оливер Бироф.

„Клара е вистински монструм. Дури ни со Хилал не контактирала. Не ја посетувала ниту во болница, додека закрепнувала од несреќата, иако биле долгогодишни пријателки и заедно играле кошарка“, вели мајката на Дражен Петровиќ, Бисерка. 

 

Најново во Кошарка