ГОСТИТЕ ТРЕБА ДА ИЗДРЖАТ УШТЕ 20 МИНУТИ

Македонија има шанси! Естонија води на полувреме против Косово

По првите две четвртини Естонија има предност од 38:35

објавено: 19 август 2017 - 21:01

Македонската кошаркарска репрезентација има шанси да се пласира во квалификациите за пласман на Светското првенство. Нашите најдобри кошпаркари се во исчекување на резултатот меѓу Косово и Естонија кој се игра во Приштина.

На Македонија и е потребна победа на Естонија, за да го задржи второто место во групата, пред Косово. По првите 20 минути во салата во Приштина, гостите водат со 38:35. Тоа значи дека Македонија има шанси да остане на посакуваното место.

Потребно е само Естонија да издржи уште 20 минути и победнички да си замине од Приштина. Мечот не го пренесува ниту една македонска телевизија, но затоа ние тука ви нудиме линк за следење на средбата. 

 

 

Најново во Кошарка