НА ЕП-Б ДИВИЗИЈА ЗА ИГРАЧИ ДО 16 ГОДИНИ

Македонија со прва победа во Бугарија

Нашите надежи во неизвесна завршница со 64:61 славеа против Косово 

објавено: 11 август 2017 - 14:41

Македонската репрезентација за играчи до 16 години, славеше во дуелот против Косово, на Европското првенство, Б дивизија, кое се игра во Бугарија.

Во неизвесна завршница, нашите надежи беа посконцентрирани и се радуваа на победата. Во последните 100 секунди се влезе со резултат (60:60), по што Косово со едно погодено слободно поведе со еден разлика. Сепак, во последната минута, нашите момци реализираа два напади и на крајот славеа со 64:61. 

Најдобар поединец во тимот на Македонија беше Јакимовски со 22 поени и 11 скока, а Наумоски и Бошковски постигнаа по 10 поени. Македонија сега има една победа и еден пораз, а следен противник е селекцијата на Велика Британија.

Најново во Кошарка