НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ДО 18 ГОДИНИ, Б-ДИВИЗИЈА

Македонија во финишот загуби од Данска

Нашите момци имаа водство од 88:87 во последната минута, но кога беше најпотребно згрешија и на крајот беа поразени

објавено: 28 јули 2017 - 21:19

Македонската јуниорска репрезентација за играчи до 18 години загуби на стартот од Данска со 92:88, на Европското првенство, Б-дивизија. Мечот изобилуваше со променлива игра на двете страни. Данска одигра добро прво полувреме, во кое имаа предност од 15 поени (53:38).

Македонските надежи одиграа одлично во третата чевртина и за само 10 минути не само што ја стигнаа негативата, туку успеаа и да поведат. Во последната решавачка четвртина, „црвено-црните“ водеа со еден поен предност (70:69). 

Неизвесно беше до самиот крај. Македонија водеше со 88:87 во последната минута, а тогаш Данска одигра како што треба за победа. Најпрво со тројка стигна до 90:88 на 35 секунди до крајот, а потоа во последниот напад, нашите кошаркари наместо да реализираат, згрешија во нападот и Данска во контра напад погоди за конечни 92:88.

Најново во Кошарка