НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ДО 18 ГОДИНИ, Б-ДИВИЗИЈА

Македонија загуби од Шведска и сега ќе се бори за 15. место

Во последниот меч на турнирот, утре во 10 часот противник ќе ни биде Романија

објавено: 5 август 2017 - 18:57

Македонската машка јуниорска репрезентација ќе се бори за пласман на 15 или 16 место, на Европското првенство, Б-дивизија кое се игра во Естонија. нашата селекција за играчи до 18 години денеска беше поразена од Шведска со 80:67 и сега останува борбата за 15 позиција и тоа со селекцијата на Романија. 

Македонија очајно го отвори дуелот против Шведска и по првите 10 минути имаше големо заостанување од дури 17 поени разлика (27:10). Уште по воведната четвртина беше јасно дека тешко е да се бара победа на меч во кој се игра така слабо и за само 10 минути ќе имаш 17 негатива, која беше задржана и на полувремето (46:29). 

нашите надежи се обидоа со агресивна игра во третиот квартал да ја намалат разликата и тие 10 минути ги добија со 22:15, но тоа не беше доволно да се направи изненадување. На крајот Шведска победи со 80:67. 

Дамјан Крстевски со 13 поени и 11 скока беше најистакнат поединец кај „црвено-жолтите“, а Стојановски беше прв стрелец со 17 поени. 

Најново во Кошарка