СЕ КРОИ СОСТАВОТ ЗА НАРЕДНАТА СЕЗОНА

Мекиќ со нов договор, Пенов го засили Куманово

Новата управа на кошаркарскиот клуб Куманово денес го продолжи договорот со Адем Мекиќ.

објавено: 10 август 2018 - 13:26

Кошаркарот кој дојде од редовите на МЗТ Скопје Аеродром во Куманово, реши да ја продолжи соработката со тимот каде минатата сезона стигна до полуфиналето на македонскиот кошаркарски шампионат.

Куманово исто така се засили со македонскиот кошаркарски репрезентативец Игор Пенов, кој во оваа екипа доаѓа од редовите на МЗТ Скопје Аеродром. Пенов во својата кариера освен за МЗТ Скопје, настапуваше за екипите на Карпош Соколи, АМАК СП, Вардар Осигурување и Кожув.

Управата на Куманово исто така успеа да ја продолжи соработката и со младиот Мидораг Тодоровиќ кој ќе ги брани боите на оваа екипа и наредната сезона. Тимот и наредната натпреварувачка сезона ќе го предводи тренерот Александар Петровиќ, а поради реновирање на Спортската Сала во Куманово, овој тим своите средби од првата македонска кошаркарска лига ќе ги игра во салата на средното економски училиште Перо Наков во истојмениот град.

Добра вест за кумановчани е продолжување на соработката со српските интернационалци Мирко Ковач и Бранислав Ѓекиќ. Првите луѓе на КК Куманово, информираат дека не застануваат тука со засилувањата во пресрет на наредната сезона и дека во наредните денови се очекува да пристигнат нови кошаркари кои ќе бидат дел тимот на најкошаркарскиот град во Македонија.

Најново во Кошарка