АРБИТАРОТ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД КОНТИНЕНТАЛНИОТ СОБИР

Милојевиќ ќе ја дели правдата на Евробаскетот 2017

објавено: 21 јули 2017 - 13:08

Еден од најдобрите македонски кошаркарски судии Александар Милојевиќ добил покана да суди на Европското првенство кое ќе се игра оваа година.

Нашиот интернационален судија, во кариерата три пати бил дел од континенталните шампионати во машка конкуренција. Ова е големо признание за Милојевиќ, бидејќи ФИБА го повика да суди, иако нашата земја не е учесник. Сите учесници на ЕП задолжително даваат по барем еден судија, а за останатите места, ФИБА одлучува кого да покани од големата листа на квалитетни судии.

Милојевиќ дебитираше на европските првенства во 2009 година, во Полска. Потоа се појави и на наредните две, на кои настапи Македонија, а тоа е во Литванија 2011 и во Словенија 2013 година. На Еп 2015 година судеше Игор Митровски. .
Европско првенство ќе се одржи од 31 август до 17 септември во четири различни земји. Покрај судијата Милојевиќ, Македонија  свој претставник ќе има и во делегатот Антонио Угринов.

Најново во Кошарка