НЕМАШЕ ЖДРЕПКА ЗА КУПОТ, ТАБЕЛАТА ОДЛУЧИ

Можно е финале Работнички - МЗТ Скопје Аеродром

Според редоследот на екипите на табелата по првиот дел од сезоната, односно по одиграното 11. коло беше клучното за тоа кој со кого ќе игра во четвртфиналните дуели

објавено: 5 февруари 2018 - 11:57

Фени Индустри ќе ја има преднсота на домашен терен во Купот, откако челниците на Македонската кошаркарска федерација решија салата „Јасмин“ во Кавадарци, да се играат мечевите за првиот трофеј сезонава.

Од МКФ решија да нема ниту ждрепка, туку четвртфиналните дуели да се знаат според редоследот на екипите на табелата по првиот дел од сезоната, односно по одиграното 11. коло беше клучното за тоа кој со кого ќе игра во четвртфиналните дуели.

Според таа табела Фени И. ќе игра против актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром, а подбриот ќе игра против победникот од мечот Блокотехна - Охрид. 

Во вториот дел од „костурот“,  Работнички е огромен фаворит против Карпош Соколи, а победникот ќе игра против победникот од дуелот Куманово – Гостивар. Според овој распоред, ако двата најтрофејни клуба МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ги поминат своите ривали, можно е во кавадарци да има „вечно“ финале.

 

Најново во Кошарка