ШАМПИОНОТ СО ПОБЕДА СЕ ВРАЌА ОД ГОСТУВАЊЕТО

МЗТ не дозволи кикс кај Охрид

Одличната игра во третата четвртина беше доволна за „штрковите“ да триумфираат против екипата која сезонава играше во АБА 2

објавено: 18 април 2018 - 19:59

Актуелниот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со победа се враќа од гостувањето во Охрид, каде славеше против истоимениот противник, во првиот меч од петото коло на Суперлигата. За МЗТ ова беше 20 триумф во 27 дуел сезонава, со што останува во трка за второто место на табелата, каде е Блокотехна. 

Охрид успеа едно полувреме да му парира на фаворитот, па на полувремето МЗТ имаше незначителна предност од 43:41. Шампионот заигра во препознатлив ритам во третиот квартал кој го доби со 28:15 и веќе стекна сигурна предност, која ја сочуваа до крајот, за конечни 89:80 за гостите. 

Бојан Трајковски со 24 поени и девет скока беше најдобар кај победничкиот тим, а двоцифрени беа и Лалиќ со 20 поени и Синовец кој заврши со 15 поени. 

Останатите два меча од Суперлигата се играат утре. Во дербито, Блокотехна го пречекува Работнички од 17:45 часот, додека за во 19 часот е закажан дуелот меѓу Куманово и Гостивар. 

 

Најново во Кошарка