ВРЕМЕПЛОВ ОД ФИНАЛИЊАТА НА ВЕЧНИТЕ РИВАЛИ

МЗТ се радуваше на Велигден, кој ќе го крене Купот на Прочка? (Видео)

Не е прв пат борбата за трофејот да биде на христијански празник. Постарите навивачи на МЗТ најдобро го паметат Велигден од 1996 година

објавено: 18 февруари 2018 - 16:55

Вечните ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, вечерва во Кавадарци ќе се борат за трофејот во кошаркарскиот Куп на Македонија. Тоа се двата најтрофејни тима во македонската кошарка, кои досега одиграле многу мечеви кои биле вредни за трофеј.

Во финалето на Купот ќе играат по шести пат и тоа сега на христијанскиот празник Прочка. Ова нема да биде прв пат да играат на ваков христијански празник. 

Постарите навивачи на МЗТ Скопје Аеродром, многу добро го паметат Велигден од 1996 година. Во финалето на Купот од пред 22 години, во „Градски Парк“, МЗТ Скопје победи со 69:64, за прва радост во Купот и тоа во неделата кога се славеше Велигден. Тогаш празникот беше среќен за „сино-белите“, а еден од најрадосните беше тогаш младиот центар на МЗТ Скопје, Тони Симиќ.

Останува да видиме вечерва на кој тим Прочка ќе му донесе среќа. 

Најново во Кошарка