српските медиуми воодушевени од играта на партизан

МЗТ Скопје ги прави противниците да бидат како НБА ѕвезди

Партизан имаше девет порази во последните 10 меча во сите натпреварувања, ама против македонскиот првак играчите во „црно-бели“ дресови делуваа преногу доминантно на теренот

објавено: 16 декември 2017 - 21:50

Ако не ти оди и си во резултатска криза, посакај да играш меч против МЗТ Скопје Аеродром. Така накратко може да се опише ситуацијата во која е македонскиот првак. МЗТ вечерва беше посрамотен на гостувањето во Белград од Партизан, во меч од АБА лигата. 

Тимот од „Јане Сандански“ е убедливо најслаб во регионалното натпреварување и е најблиску до испаѓање. И Партизан не беше во добра ситуација пред овој меч. „Црно-белите“ имаа девет порази во последните 10 меча, во сите натпреварувања.

Сепак, дојде ред да играат против МЗТ Скопје и играчите на Партизан делуваа доминантно на теренот. За едно полувреме дадоа 69 поени, а на крајот лесно ја поминаа границата од над 100 дадени поени. Сите српски медиуми пишуваат за одличната игра на некогашниот АБА шампион. 

Еве дел од насловите по мечот на кој МЗТ Скопје ги прослави кошаркарите на Партизан. 

Најново во Кошарка