Аеродромците итаат кон второто место на табелата

МЗТ Скопје го „прелета“ Гостивар

Актуелниот првак славеше со 88:81 на незгодното гостување

објавено: 28 април 2018 - 20:55

Актуелниот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ита кон второто место на табелата, откако со 88:81 славеше на гостувањето во Гостивар. За МЗТ ова е 22 победа во 30 коло, со што е чекор пред Блокотехна, ривалот за посакуваната позиција пред стартот на плеј-офот.

МЗТ во поголемиот дел од мечот имаше контрола на резултатот и иако немаше поголема предност од 10-тина разлика, на крајот рутински стигна до двата бода. Марко Симоновски со 26 поени беше лидер кај гостите, а одлично се покажаа и Бојиќ со 18 и Стојановски со 16 поени. 

Кај Гостивар најефикасен беше Димчевски со 26 поени. Без разлика на резултатите до крајот на Суперлигата Гостивар на крајот ќе го освои петото место. 

Во плеј-аутот, Фени Индустри лесно со 117:81 го победи Шкупи, додека Кожув беше подобар од Струмица со 82:75.

Најново во Кошарка