МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН СО 92:72 ГО НАДИГРА БАКИРКОЈ БАСКЕТ

МЗТ со победа ја заврши мини-турнејата во Турција

МЗТ Скопје во третиот подготвителен меч од пред-сезоната стигнаа до првата победа, откако на мини-турнејата во Истанбул го совладаа турскиот второлигаш Бакиркој Баскет со 92:72

објавено: 8 септември 2017 - 16:22

МЗТ ја покажа разликата во квалитет во последните десетина минути, кога „металците“ наврзина дојдоа и до плус 15 (78-63) што им беше доволно за „сефте“ триумф во досегашниот дел од подготовките.

Дамјан Стојановски беше убедливо најдобар во МЗТ Скопје Аеродром со 23 постигнати поени, а добра офанзивна партија прикажа и Даниел Џенсен со 20 поени. Брет Бејли застана на 12 поени, а Адем Мекиќ и Бојан Трајковски реализираа десет односно осум поени.

МЗТ се враќа во во Македонија, каде што во понеделник накусо ќе продолжат со тренинзи пред заминувањето на нова мини-турнеја, овој пат во Бугарија и Романија каде што ќе ги одмерат силите со Левски, Лукоил Академик и двапати со Крајова.

Бакиркој баскет - МЗТ Скопје Аеродром 72-92 (23-24, 25-25, 15-21, 9-22)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Гарсија 9, Стајиќ 2, Бејли 12, Мекиќ 10, Стојановски 23, Митев, Пенов 7, Маслинко 1, Мамузиќ, Тодоровски, Трајковски 8, Џенсен 20.

Најново во Кошарка