ЗАТОА ПЛЕЈ-ОФОТ НОСИ ПОСЕБЕН ШМЕК

НАЈЛУДА ЗАВРШНИЦА СЕЗОНАВА: За 12 секунди дадоа три тројки (Видео)

Дуелот меѓу Бостон и Милвоки беше решен во продолжение

објавено: 16 април 2018 - 10:00

Неверојатен беше првиот дуел меѓу Бостон и Милвоки, во плеј-офот. Домаќинот Бостон поведе со 1:0, откако дури по продолжение беше подобар со 113:107. Завршницата на регуларниот дел беше шокантна, но на крајот домашните навивачи се радуваа на победата. 

На 15 секунди до крајот Бостон водеше со 96:93, а напад имаа гостите. Милвоки погоди тројка на 11 секунди до крајот и израмни на 96:96. Следуваше напад на Бостон, и тројка на домаќините на само 0,5 секунди до крајот за водство од 99:96. Иако се мислеше дека тоа е доволно за победа, гостите успеаа за половина секунда, со тројка од 10 метри да израмнат на 99:99 и мечот замина во продолжение. Сепак, на крајот Милвоки немаше сила за целосно изненадување, па Бостон ја искористи предноста на домашен терен и поведе со 1:0 во серијата. 

Актуелниот вицепрвак Кливленд претрпе висок пораз на свој терен од Индијана со 80:98. Предноста на домашен терен ја искористија Оклахома против Јута и победи со 116:108, а Хјустон со 104:101 беше подобар од Минесота. 

Најново во Кошарка