Голема беше нервозата по поразот во дербито

Навивач влетал во соблекувалната на МЗТ Скопје

Тренерот Ацо Тодоров навреме излегол од соблекувалната, но играчите ја слушале "лекцијата"

објавено: 6 декември 2017 - 20:28

Незадоволни од играта и резултатите, навивачите на МЗТ Скопје Аеродром со негодување ги испратија своите миленици по поразот во вечното дерби од Работнички. Освен негодувањата од трибината, еден лут навивач успеал да се симне и да влезе дури и во соблекувалната на домаќините.

Внатре не бил тренерот Ацо Тодоров кој веднаш замина во својата канцеларија, но играчите ги слушале "лекциите" од нервозниот и разочаран навивач, кој за кратко време си заминал без да направи некој инцидент.

Работнички го победи МЗТ сред Аеродром во "Јане Сандански" со 76:71. Тимот од "Градски парк" остана перфектен и сега има осум победи, додека шампионот МЗТ го претрпе третиот пораз во домашното првенство.

 

Најново во Кошарка