хаос во куманово

Навивачи на Олимпијакос тепале вработен на бензиска, Кумани веднаш го одмаздиле!

Група навивачи на грчки Олимпијакос приредиле вистински хаос на бензиска пумпа на „Лукоил" кај Куманово, вчера околу 11 часот, а настрада еден вработен, кој бил претепан, а украле и разни артикли.

објавено: 6 јуни 2016 - 14:51

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вработениот Ј.А. (35) добил удари по главата и телото, бил плукан и влечен по подот во маркетот, а објектот претрпел оштетувања. Откако настанот бил пријавен во полиција, приведени и задржани се тројца грчки државјани Х.А. (26), П.Ф. (26) и Т.В. (29).

Олимпијакос во саботата навечер играше финале во ватерполото Лигата на шампионите во Будимпешта, па се претпоставува дека Грците се враќале од таму, но можно е и да патувале кон Белград, каде што вчеравечер се одигра првиот финален натпревар во српскиот кошаркарски шампионат помеѓу вечните ривали Партизан и Црвена звезда. Симпатизерите на Звезда и Олимпијакос имаат традиционално добри односи и често патуваат едни кај други на гости.

А, според неофицијални информации, исто така во Куманово се случил уште еден инцидент во кој симпатизери на кошаркарскиот клуб Куманово, популарните Кумани, нападнале друга група навивачи на Олимпијакос, која го извлекла подебелиот крај во тепачката.

Најново во Кошарка