ПОРАДИ НАСТАПОТ НА ДУЕЛОТ ВО ЧЕСТ НА ДУШАН ИВКОВИЌ

НБА е сурова: Марјановиќ и Шариќ можеа да останат без договори

Репрезентативците на Србија и Хрватска, Бобан Марјановиќ и Дарио Шариќ можеа да си направат голема штета, бидејќи сакаа да ја испочитуваат легендата, Душан Ивковиќ. 

објавено: 22 септември 2017 - 09:35

Во чест на еден од најголемите тренери во Европа и светот во Пиреја беше организиран пријателски натпревар со хуманитарeн карактер помеѓу Олимпијакос и звездите на Душан Ивковиќ. На овој меч меѓу познатите кошаркарски имиња беше и некогашниот капитен на македонската репрезентација, Перо Антиќ.

Грчките новинари во текот на вчерашниот ден излегоа со неверојатна информација. Поради учеството на овој меч, репрезентативците на Србија и Хрватска, Бобан Марјановиќ и Дарио Шариќ, во случај да заработеа повреда можеа да останат без договори со нивните НБА-клубови. 

Поради оваа причина Богдан Богдановиќ остана на клупата на резерви на овој натпревар, тој не сакаше да го ризикува своето место во Сакраменто Кингс, за разлика од Марјановиќ (Детроит), Шариќ (Филаделфија) и Коркмаз (Филаделфија). 

Суровоста во НБА-лигата е голема, при повреда на еден од овие кошаркари на средбата во Пиреја, челниците на клубот можат веднаш да ги раскинат договорите без никаква финансиска обврска кон нив. 

Најново во Кошарка