ИМА ЛИ ВИСТИНА ВО ЕДЕН ВАКОВ „ЗАКЛУЧОК"?

АКО ВЕЛИ МАРБЕРИ ТОГАШ... Зајон ќе биде многу подобар од Леброн!? (ВИДЕО)

Некогашниот плеј на многу екипи во НБА и веројатно најдобриот и најсакан играч во Кина, Стефон Марбери, говори за ѕвездата која доаѓа – Зајон Вилијамсон.

објавено: 17 септември 2018 - 10:30

Стеф дури го спореди со најдобриот играч на денешното време – Леброн Џејмс.

Марбери, кој одамна е познат по тоа дека е играч кој има големи проблеми со актуелниот естаблишмент во лигата, и не е воопшто импресиониран со игрите на еден Леброн Џејмс, има свое мислење.

„Причината поради која мислам дека Леброн не е најдобриот е таа што едноставно не знае да шутира. Од актуелните играчи само Зајон Вилијамсон има шанса да стане подобар играч од Мајкл Џордан" - смета некогаш големата ѕвезда во НБА лигата.

Марбери вели дека Зајон ќе „растури", дека брзо ќе докаже дека е подобар од Леброн...

„Зајон ќе ја уништи кошаркарската планета. Тој е далеку подобар играч од Леброн, дури не се ни блиску еден со друг"- дополнува Марбери кој во својата кариера настапуваше за Минесота, Њу Џерси, Феникс, Њујорк и Бостон.

Односно пред да се пресели во Кина, каде настапуваше во периодот од 2010 до 2018 година, и три пати беше шампион со Пекинг Дакс.
Во НБА лигата два пати беше ол-стар. 

Најново во Кошарка