ОТВОРЕН ТРЕЈД-ПЕРИОДОТ ВО НБА ЛИГАТА

Ариза оди во главниот град на Америка, а Феникс го добива Риверс

Феникс Санс и Вашингтон Визардс постигнаа договор за размена во која искусниот Ариза ќе замине кај „волшебниците", а во другата насока ќе тргнат Остин Риверс и Кели Убре, јавува ЕСПН...

објавено: 16 декември 2018 - 08:00

Минатото лето Ариза стигна во тимот од Аризона како играч на Хјустон, и потпиша едногодишен договор вреден дури 15.милиони долари.

Во меѓувреме, 33.годишниот кошаркар во просек бележеше по 9.9 поени и 5.6 скока како играч на Санс.
Кога станува збро за играчите кои треба да ги добие Феникс, Риверс дојде во Вашингтон исто така во текот на летото, и тоа како поранешен играч на ЛА Клиперс.
На 29.мечеви во оваа сезона има просек од 7.2 поени и 2.4 асистенции.
Убре е крилен играч кој влезе во НБА лигата во 2015 година, кога беше одбран од Атланта, како 15.пик на драфтот. Следуваше премин кај Визардс, каде почна да игра добро дури во оваа сезона – за 27.5 минути на теренот во просек реализира по 12.9 поени и 4.4 скока.
Во овој момент Френикс Санс е најслабиот тим во лигата, има скор од 5-24, додека Визардс се нешто подобри, имаат ефект 11-18.

Најново во Кошарка