Ако Минесота не го трејдува

Батлер чека 5-годишен договор вреден 190 милиони долари

Кошаркарот побара да биде разменет, но доколку тоа не се случи, ќе треба да добие нов договор кој ќе му донесе вистинско богатство.

објавено: 20 септември 2018 - 21:05

Кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Џими Батлер, во многу скоро време ќе го објави потпишувањето на новиот петгодишен договор, кој треба да му донесе заработувачка од 190 милиони долари, ако не се случи размената со друг клуб. Претходно, стана познато дека Батлер побарал од раководството на Минесота да го промени клубот и наскоро се очекува потврда на овие информации.

29-годишниот кошаркар сака да продолжи кариера во Њујорк Никс, Лос Анџелес Клиперс или Бруклин Нетс, но не е познато дали овие клубови имаат толку средства за да го ангажираат кошаркарот.

Сегашниот договор на Батлер е до крајот на сезоната 2019/20, но играчот може да стане неограничен слободен агент следното лето. Ако Батлер не биде разменет, тој ќе може да потпише петгодишен договор со Тимбервулвс за 190 милиони долари или четиригодишен договор со друг тим за 141 милион долари.

Најново во Кошарка