НОВ ПОРАЗ ЗА КЛИВЛЕНД, ТРЕТ ПО РЕД

Батлер и Вејд ги сопреа „коњаниците“ (ВИДЕО)

Ол-стар крилото на Булс заврши со 26. поени, 8. скока и 6.асистенции додека пак големиот пријател на Леброн, Двејн Вејд имаше слични бројки: 24. поени, 5.скока и 4. асистенции во мечот кој беше одлучен во третиот период кога Чикаго направи девет поени предност.

објавено: 3 декември 2016 - 09:11

Што се случува со актуелниот шампион на НБА лигата, Кливленд Кавалирс?

Леброн Џејмс и неговата дружина го забележија и третиот пораз по ред, а петти во лигата. Подобри од нив беа кошаркарите на Чикаго Булс кои славеа со (111:105).

Притоа „Кралот Џејмс“ даде 27. поени, имаше и 13.асистенции и 5. скока, но тоа не беше доволно за да се победат мотивираните „бикови“, предводени од Џими Батлер.

ЛА Клиперс уште еднаш покажаа дека морада бидат „сфатени“ максимално сериозно во оваа сезона. Гостуваа во Њу Орлеанс, каде би се рекло, рутински дојдоа до победата од (114:96). 

Дефинитивно Клиперси имаат доста „широка ротација“, во која како по некое непишано правило „излегуваат“ некои добри поединци, секако со констатно добрите иданија на Блејк Грифин и Крис Пол, кои на овој меч имаа 27. поени и 10. скока, односно 17. поени и 13.асистенции.

Доволно за моментален скор (16-5).

Потешко од очекуваното, Сан Антонио Спарс дојдоа до 16. триумф во сезоната, затоа што тимот на Вашингтон Визардс им даде силен отпор, влезе во егал завршница. Но на крајот беше (107:105) за „мамузите“ каде последниот кош на мечот го даде Каваи Ленард, негов 23.

Пау Гасол имаше двоен ефект од 19. поени и 10. скока, додека пак Ламаркус Олдриџ имаше идентични 19 поени, но двојно помалку скокови во однос на Шпанецот. 

Доволно да се поништи ефектот на Бредли Бил (23. поени) и Марцин Гортат (21. поен и 18. скока).

РЕЗУЛТАТИ

Филаделфија - Орландо 88:105

Бостон - Сакраменто 97:92

Њујорк - Минесота 118:114

Торонто - ЛА Лејкерс 113:80

Атланта - Детроит 85:121

Чикаго - Кливленд 111:105

Њу Орлеанс - ЛА Клиперс 96:114

Сан Антонио - Вашингтон 107:105

Денвер - Бруклин 110:128

 

Најново во Кошарка