ГОЛДЕН СТЕЈТ ИМА „ВНАТРЕШНИ ПРОБЛЕМИ"

Без Кари и Грин – ново мачење за шампионот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт без помош на Стеф Кари и суспендираниот Дрејмонд Грин, потешко од очекувањата ја совладаа Атланта (110:103), и со ефект (12-3) се зацврстија на првото место на Западната конференција.

објавено: 14 ноември 2018 - 08:00

После израмнетото прво полувреме (49:52), во кое ветеранот Винс Картер реализираше 11.поени, со серија од (11-0) на средината на третата четвртина, Вориорс за прв пат обезбедија позначајна предност (70:60). Во последниот дел имаа и максимални (97:82), но со поените на Бејзмор на 1:43 минути пред крајот Хоукс се доближија на (101:106). Имаа и напад за уште пониска негатива, а сите дилеми околу победникот ги тргна Кевин Дурент, кој погоди за победа на 43 секунди пред крајот.
Дурент беше и најефикасниот играч на шампионот со 29.поени (9/23 од игра) и шест скока. Клеј Томпсон постигна 24, а Квин Кук уште 18 со шест асистенции.
Кај Хоукс, Ториан Принс забележа 22.пени, Бејзмор го следеше со 18, а Алекс Лен дополни со 14. поени.
Кошаркарите на Хјустон го победија Денвер во Колорадо со (109:99) и на домаќинот му го нанесоа четвртиот пораз во низа.
Тренерот на „ракетите" Мајк Дантони ротираше само осумина играчи а од вкупниот број на дадени поени, дури 95 беа дело на стартерите за шести триумф на Хјустон во 13. мечеви од почетокот на сезоната.
После одличниот старт, евидентно е дека Денвер е во некоја криза, и со ефект (9-5) е трет на западот.

Дуелот во Пепси центарот беше израмнет до пред крајот на третиот период кога гостите прават серија од (8-0) за прва двоцифрена предност (86:76). Нагетси дојдоа на минус 4, но со нова серија (13-2), Харден и друштвото (не играше Кармело Ентони), го „прекршија" мечот, поведоа со недостижни (106:91).

Клинт Капела беше најефикасниот во гостинската екипа со 24.поени (11/15 од игра), Харден додаде 22, но со лош шут, и 11 асистенции, а Крис Пол имаше 21.

Резервистот Монте Морис со 19.поени беше прв поентер на Денвер. Џамал Мареј и Гери Херис впишаа по 15, Пол Милсап 13 поени.
Со победата против Шарлот (113:89), Кливленд ја прекина серијата од пет порази по ред.

Џордан Кларксон со 24.поени го постави рекородот на сезомата. Давид Нваба додаде 18. А Колин Сектосн и Родни Худ по 16.поени кај Кавс.

Во поразената екипа Џереми Леб предначеше со 22.поени, а Николас Батум имаше 11.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Шарлот 113:89
Денвер – Хјустон 99:109
Г. Стејт – Атланта 110:103 

Најново во Кошарка