ИАКО ДОТУРКА ДА БИДЕ ОЛ-СТАР НЕ ГО ЗАБОРАВИ ВЕТУВАЊЕТО

БИТНА МУ Е ДИПЛОМАТА: Џон Вол се враќа во училишните клупи

Еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата уште сега размислува за животот после кошарката ...

објавено: 22 февруари 2018 - 09:30

За време на Ол-стар викендот во Лос Анџелес, Џон Вол ја шокираше јавноста во Калифорнија со тоа кои се неговите идни планови.
Како што кажа ол-стар бекот на Вашингтон, поврзани се со негово враќање во школските клупи, односно продолжување на своето школување.


Како што е познато Вол помина само една година на Универитетот во Кентаки, најмногу поради тоа што во 2010 година беше одбран како прв пик на драфтот од страна на Визардс.

„Се враќам на училиште во текот на ова лето како би ја земал потребната диплома од областа на бизнисот. Тоа е она на што сум фокусиран. Му го ветив тоа на својот татко" – рече бекот на „волшебниците".

Неговиот татко умрел кога малиот ЏОн Вол имал само осум години...

 

Најново во Кошарка