Кошаркарот на Сакраменто на артроскопија

Богдановиќ мора да го оперира левото колено

Стара повреда која Богдановиќ ја обнови при последните настапи за српската репрезентација во квалификациите за СП.

објавено: 22 септември 2018 - 22:25

Српскиот кошаркар од екипата на Сакраменто, Богдан Богдановиќ ќе претрпи операција на коленото поради стар проблем кој се појавил за време на квалификациите кои ги играше за својата репрезентација. Европскиот шампион со Фенербахче и претходно имаше проблеми со левото колено и сега дефинитивно не смее да ја одложува операцијата.

26-годишниот Србин влезе во вториот најдобар тим на „руки" кошаркарите во минатата сезона од НБА лигата и беше избран за МВП на средбата меѓу новите НБА ѕвезди на Ол-Стар викендот.

Најново во Кошарка