НЕДОСТАСУВА „ПОЛА ТИМ"

БОЛНИЦА ВО БОСТОН: Тајс ја заврши сезоната, Смарт ја скина тетивата, надвор и Ирвинг, Браун, Хорфорд, Ларкин...

Тешки денови за „келтите" пред последниот дел од сезоната...

објавено: 13 март 2018 - 09:50

Што се случува во соблекувалната на Бостон Селтикс?

Еден од главните кандидати за врвот на табелата на Истокот, наредните денови ќе ги дочека без половина тим. И во буквална смисла на зборот...
Веста дека Германецот Даниел Тајс го повреди менискусот на денсото колено, а само прв од неколкуте поврзани со оние медицинските...


Само што беше потврдена дека сезоната за Тајс е завршена, стигна нова вест која вели дека Маркус Смарт ја скинал тетивата на палецот на левата рака поради што можеби ќе мора да оди на операција. Се чека само мислењето на лекарите специјалисти за оваа проблематика.
А потоа листата се продолжува – Кајри Ирвинг мора да паузира на неодредено време поради повредата на коленото.
Шејн Ларкин има ограничен број на минуто поради здравствени проблеми. Џејлен Браун сеуште се опоравува од последиците по оној страотен пад и потресот на мозокот добиен на неодамна одиграниот меч со Минесота.
На сето тоа треба да се додаде и дека Ал Хорфорд е грипозен, а од почетокто на сезоната Бостон го загуби и Гордон Хејворд.
Среќа за тренерот Бред Стивенс е дека неговиот тим има неколку дена за одмор, (ќе играат против Вашингтон во среда спрема четврток ), па можеби некој дотогаш и ќе се опорави и ќе ја напушти „болницата Бостон"...

Најново во Кошарка