СЕЛТИСКИ СТИГНАА ДО 15. ПОБЕДА ВО НИЗА

Бостон „гази ли гази“, експлозија на Кари (ВИДЕО)

Бостон продолжува да „тероризира“, стигна до 15. триумф во низа, откако на гостувањето кај Атланта славеше со 110:99. По поразот од Селктиски, Голден стејт се врати на победничките патеки на сметка на Филаделфија 124:116. 

објавено: 19 ноември 2017 - 08:28

Бостон не запира. По шампионот, Селтикси славеа на гостувањето кај Атланта со 110:99 за 15. победа во низа и зацврстување на првото место на табелата во Источната конференција. За Бостон ова е најдобар старт во НБА-лигата, а додека четврта најдобра серија по сезоната 2008/09.

Кајри Ирвинг со 30 поени и Џејлен Браун со 27 поени беа најефикасни во редовите на гостинскиот тим. На другата страна Денис Шрудер имаше 23 поени и 9 асистенции.

Хокси добро го отворија мечот, по 12. минути игра водеа со 35-20, но потоа следе серија на Селтикси. На средината на третата четвртина дојдоа до водство од 68:65. Во продолжение гостите со нова серија од 7-0 дојдоа на позитива од шест поени и рутински го приведоа мечот во својата корист.

Голден стејт веднаш се врати на победничките патеки по поразот од Бостон. Бранителот на тронот на гостувањето кај Филаделфија славеше со 124:116. Стеф Кари со 35 поени (11/22 од игра) беше прво име на теренот, зад него беше Кевин Дурент со 27 поени, додека Клеј Томпсон застана на 17.
Со скор од 14-4 Голден стејт е на второто место во Западот, додека Филаделфија е на седмата позиција на Истокот.

Резултати: Шарлот - ЛА Клиперс 102:87, Орландо - Јута 85:125, Атланта - Бостон 99:110, Филаделфија - Голден стејт 116:124, Мемфис - Хјустон 83:105, Далас - Милвоки 111:79, Портланд - Сакраменто 102:90.

Најново во Кошарка